Според аналитичарот Александар Даштевски митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај, покажа многу, покажа дека тоа е најголемиот митинг на сите времиња во Македонија.
Во гостувањето на вестите на МТВ Даштевски потенцираше дека токму затоа Груевски се осврнал на народот и рече дека тоа е силата на Македонија.
– Рече дека народот е силата. Дека не е тој, ниту Зоран Заев, туку народот. А, кога ќе се види народот во таква маса јасно е дека нема закани и плашење за македонскиот народ – изјави Даштевски.
Груевски, додаде тој, сакаше да се осврне на актуелната ситуација, за тоа како стојат работите, па се осврна дека ќе се продолжи со привлекување на странски инвестиции, со нови вработувања, инфраструктура, образование, здравство…
– Груевски употреби еден многу интересен термин, дека во суштина она што сега го гледаме ние неколку месеци е диктатура на малцинството над мнозинството. Многу луѓе не го сфатија тоа, но тоа значи дека со овие креирани материјали опозицијата се обидува да се закани на 26.000 луѓе, да објави нивни лични и интимни разговори и дека во секој момент ако некој прави проблем, дури и од нивните редови ќе има материјал кој ќе го искомпромитира – додаде тој.
Втора работа, продолжи тој, е тоа што опозицијата ја тепаше сопствената полиција, како и дека опозицијата се заканува на сите новинари кои се независни и на новинарските куќи.
– Се заканува и тепа новинари. Имаше екипи со искршени возила. Имавме случај и на заканување од страна на опозицијата да се заканува на администрацијата дека ќе лета и тоа уште не дојдени на власт. Замислете што ќе се случува кога ќе дојдат на власт – запраша тој.
Доколку опозицијата дојде на власт, продолжи Даштевски, сами признаа дека имаат материјали на опозицијата, а со тоа ќе можат него лично и неговата структура да ја уценуваат. Тоа би била марионетска Влада која ги слуша тие структури кои им ги дале разговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даштевски: Водејќи хајки СДС ќе завршат во хајка сплетена од самите нив
-
Експертите со став: Претседавачот на Собранието и ВМРО-ДПМНЕ постапуваат деловнички и според Уставот, поинаков избор на претседател е државен удар
-
Уште не формирана Владата, две работи се договорени – промена на банкнотите и на обележјата на воените униформи
-
Даштевски: Се води специјална војна против Македонија