| четврток, 6 декември 2018 |

Уште не формирана Владата, две работи се договорени – промена на банкнотите и на обележјата на воените униформи

dastevski-2-768x441

– Кога сте уценети и кога е тоа ставено на маса, тоа ќе значи дека утре се отвара можност за да ви побараат уште многу работи, изјави Александар Даштевски во „Поенти“ на ТВ Нова.

– Уште не формирана Владата, две работи се договорени. Тоа е промена на банкнотите и промена на обележјата на воените униформи. Тоа се две работи надвор од програмата, а се чини дека има уште некои работи кои се бараат, додаде Даштевски.

Според него „лабави“ се и мнозинствата, 51 пратеник има ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ имаат 49, ДУИ во минатото имаше 19 а сега 10.

-Од друга страна пак БЕСА не го поддршува Талат Џафери за претседател на Собрание- додаде  Даштевски.

-Работите се многу измешани, а од таква ситуација излез може да се најде само со предвремени Парламентарни избори- додаде Даштевски.

Тој смета дека доколку има предвремени парламентарни избори тие ќе донесат други резултати, нема да бидат исти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top