Оваа година како и минатата, фестивалот „Здраво млади“ ја објавува акцијата “другарски билет” – за купени четири билети за фестивалот, петиот билет е гратис.
Другарски билети можат да се набават само на билетарницата на Младински културен центар (МКЦ), а акцијата ќе важи и на денот на фестивалот.
Освен во МКЦ, регуларни билети можат да се набават и во мрежата на МК Тикетс (Скопје и низ продажните места во Македонија).
На фестивалот закажан за седми јуни на платото пред МКЦ ќе настапат METZ , Gonjasufi, Bernays Propaganda, Prinzhorn Dance School, Orchestre Tout Poissant Marcel Duchamp, Artan Lili, Vlasta Popič, TI, Conquering Lion, Lepi Xhoni, RIB, Dj Moodswinger, КИР и Sürtükler.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.