| четврток, 6 декември 2018 |

„Дисциплина кичме“ доаѓа на фестивалот „Здраво млади“ во МКЦ

iluzijakoja

Легендарната група „Дисциплина кичме“ даоѓа на музичкиот фестивал „Здраво млади“, кој ќе се одржи на 23 мај во Младиснкиот културен центар (МКЦ).
„Дисциплина кичме“ од неодамна во своите редови имаат и нов инструмент – усна хармоника, која дава нова димензија на препознатливиот звук на групата. Кон крајот на декември 2013 година, групата во состав: Која (бас, глас), Буца (тапани, глас), Мања (глас), Игор Дјеке (усна хармоника) објави нов хит-сингл „Само дисциплина“, песна која ја растресе музичката јавност во регионот и го најави новиот пат на „Дисциплина“.

Најновиот фанк хит „Ovisnik o moći“ имаше премиера на регионалниот канал на „Ем-Ти-Ви“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top