| четврток, 6 декември 2018 |

ИД егезкутирала новинар кој одбил да и се заколне на верност

ид2

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) егезкутирале еден локален новинар во ирачкиот град Мосул, затоа што одбил да им се заколне на верност, јави ТАСС, повикувајќи се на информација на иранската телевизија Прес ТВ.

Според телевизијата, џихадистите го убиле познатиот телевизиски новинар Фарас ал Бахри, кого го заробиле пред три недели. Џихадистите побарале од Бахри да им се заколне на верност, но бидејќи тој одбил да го стори тоа, тие го егзекутирале.

Лани во октомври ИД објави дека сите новинари што живеат на териториите под нејзина контрола треба да положат заклетва на верност на групата.

Претседателот на Сојузот на новинарите од Мосул, Акрам Сулејман во изјава за Прес ТВ вели дека припаднците на ИД досега убиле седуммина новинари од градот, а уште десет други држат на непозната локација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top