Пјонгјанг во последен момент не ја прифати посетата на Бан Ки-мун на Северна Кореја, која требаше да биде прва посета на генерален секретар на ОН во оваа земја по повеќе од 20 години.
Бан требаше да ја посети меѓукорејската економска зона Кесонг, која се наоѓа од северната страна на административната линија меѓу двете Кореи.
– Преку дипломатски канали денеска бевме информирани дека севернокорејските власти ја промениле одлуката за мојата посета на индустрискиот комплекс Кесон – истакна Бан на прес-конференција во Сеул, додавајќи дека притоа не добил никакво објаснување за таквиот потег.
Кесонг се протега на десетина километри од границата и во него работат 50.000 Севернокорејци и 125 јужнокорејски компании.
Последниот генерален секретар на ОН, кој ја посети Северна Кореја, беше Бутрос Бутрос-Гали во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ
-
Хрватската вицепремиерка Пејчиновиќ Буриќ во посета на Македонија