Шестмина Кинези, меѓу кои и неколку професори од престижниот кинески универзитет Тианџинг, беа обвинети по вкупно 32 обвиненија во САД за економска шпионажа и за кражба на трговски тајни во секторот на телекомуникациите.
Шестмината Кинези, меѓу кои тројца универзитетски професори, се обвинети дека украле технологии од двете американски технолошки компании „Аваго Технолоџис“ и „Скајвокерс Солушнс“.
Тоа се две компании за полупроводници, со седиште во Калифорнија и во Масачусетс и специјализирани за технологии за филтрирање на сигналите и нивно подобрување
Еден од шестмината овинети професорот Хао Џан беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес при пристигнувањето за учество во конференција. По другите петмина се трага и се смета дека тие се во Кина.
Заговорот за кражба датира од 2006 година. Операцијата за кражбата била организирана од раководни кадри на универзиетот Тианџинг преку компанијата-параван на Кајманските Острови на сметка на кинеската компанија наречена „РОФС Мајкросистем“. Таа кинеска компанија требало да ја произведува украдената технологија.
Двајца од шестмината осомничени заедно подготвувале докторат во Јужокалифорнискиот универзитет во 2006 година. Тоа се 36-годишниот веќе уапсен Хао и 35 годишниот Веј Панг. По завршувањето на докторските студии тие работеле за двете американски компании, во кои останале до 2009 година. Заедно со нивниот близок пријател од Јужнокалифорнискиот универзитет тие украле тајни документи, проекти и планови за технологијата и кога се вратиле во Кина почнале да ја произведуваат преку компанијарта „РОФС Мајкросистемс“.
Обвинети се и тројца вработени на „РОФС Мајкросистемс“, меѓу кои главниот извршен директор, инженер и претседателот на бордот на директори.
Шетмината обвинети можат да добијат пресуди од 15 до 50 години затвор во САД плус високи парични казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.