| четврток, 6 декември 2018 |

Која влада го шпионира вашиот Фејсбук: Еве начин како тоа да го дознаете

Британската влада на почетокот на годината признала дека некогаш ги надгледува налозите на „Фејсбук“, „Твитер“ и блоговите, сѐ со цел да види колку често луѓето ги спомнуваат министрите на Интернет.

влада

Сега, пак, „Фејсбук“ објави дека ќе ги информира корисниците за шпионирање доколку постојат сомнежи. Во пораката што шефот за безбедност на оваа социјална мрежа, Алекс Стамос, ја објави на „Фејсбук“, изјави дека луѓето ќе бидат известени доколку постои конкретен доказ за тоа дека се „цел на напаѓачот кој работи за државата“.

printscreefacebook-1445417684-766551

 

-Иако постојано преземаме неопходни чекори за да си заштитиме налозите за кои веруваме дека се загрозени, решивме да го испратиме ова дополнително известување доколку имаме цврсти основи да се сомневаме дека шпионирањето би можело да биде по налог на Владата. Ова го правиме затоа што овој вид напади е понапреден и поопасен во однос на другите и секогаш ги поттикнуваме загрозените луѓе да преземат неопходни чекори за да си ги заштитат своите налози на Интернетот – напишал Стамос.

хакери

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top