Функционерите на СДСМ со тешки навреди и потсмевање за народот кој излезе вчера на улиците под мотото Македонија Силна. Стево Пендаровски изјави дека „Таму се собрани во бачило“ мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова Пендаровски алудираше дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.
Ова не е прв пат Пендаровски да го навреди народот, за него народот не само што се овци, туку беа обична стока.
Според Пендаровски, оние кои гласале за Иванов биле качувани во комбиња како стока.
– Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме, рече Пендаровски за време на една посета на Лисиче.
На ваквите навреди се надоврза и Фрчковски кој иронично и со потсмев кажа “ова ли е елитата” мислејќи на огромната бројка на луѓе кои се насобра пред Собранието. Поради таквото дрско потценување мораше да реагира водителот и новинар Чомовски кој кажа дека тоа е навреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пендаровски: Ако се подели Косово, прва колатерална штета ќе биде Македонија!
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“
-
Скопјенец поминал на црвено во Бутел, кога го застанале ги навредувал и омаловажувал полицајците