Фамилијарниот бенд „Инфинитас“ под менторство на Тончи Хуљиќ, завчера испадна од првата емисија во живо на музичкото шоу „Икс фактор“.
Најмалку гласови од публиката добија бендовите „Инфинитас„ и атрактивните „Анџелини“, па следеше дуел помеѓу нив за останок во шоуто. Иако жирито се согласи дека симпатичните браќа и сестри подобро ја отпеале песната за „спас“, Жељко Јоксимовиќ пресуди:
– Мислам дека за ова шоу подобар избор се „Анџелини“, затоа гласам за нив – одлучи Јоксимович.
Нивниот ментор Тончи Хуљиќ не можеше да избере помеѓу двата негови бенда и затоа одлуката му ја препушти на Јоксимовиќ.
– Не можам да гласам против своте финалисти, двата бенда би ги задржал – рече Тончи.
По нивното испаѓање, членовите на бендот „Инфинитас“ не можеа да ги сокријат солзите во бекстејџот, особено најстарата Моника.
Сите финалисти покажаа дека се силно поврзани со оваа група, па дури и момчињата доста емотивно и низ солзи ги испратија „Инфинитас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.