| четврток, 6 декември 2018 |

Украинските власти покажа двајца заробени руски војници

­ Украинските власти денеска пред новинарите покажаа руски војници, за кои тврдат дека се заробени во Источна Украина и кои се хоспитализирани во Киев, јави БТА.

Нивното покажување е со цел да се докаже учеството на руската армија во конфликтот во Источна Украина. Тие се претставени како капетан Ерофеев и водник Александров.

Новинарите можеа да влезаат во нивните болнички соби во придружба на претставници на украинските служби за безбедност.

Руските војници беа посетени и од претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, на „Амнести интернешнл“ и на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top