| четврток, 6 декември 2018 |

Совети и трикови за убавина од кралиците Елизабета, Викторија, Дајана, Грејс Кели…

Доколку сте од оние што се восхитуваат на убавината на членовите на кралските семејства од Европа, тогаш во продолжение ви откриваме совети и трикови, токму од кралицата Елизабета, Викторија, Марија Антоанета, Дајана и уште неколку:

Марија Антоанета: Кралицата на Франција користела  посебна маска за лице, која била мошне популарна, а некои Французинки сè уште ја користат. Две супени лажици коњак помешајте ги со 1/3 (од лажицата) млеко во прав, едно јајце и сок од лимон (еден). Коњакот ја стимулира циркулацијата и ги затегнува брчките, додека јајцата ја обновуваат кожата. Млекото во прав ќе ви помогне да ги држи мртвите клетки на површината, додека киселоста на лимоновиот сок ќе ви помогне да ги отстраните.

maria-antoaneta

Кралица Елизабета I : Во елизабетанската ера, многу од козметичките произовди се избегнувале, бидејќи се верувало дека ја блокираат добрата енергија. Бледиот тен бил „ин“, па користеле олово и арсен за да го одржат обожуваното бледило. По сè изгледа дека не знаеле дека се отрови кои буквално ги блокираат добрите работи и прават лоши. Кралицата Елизабета I често носела бела шминка за да го одржи нејзиниот изглед како Virgin Queen. Најчесто се користела мешавина од бело олово и оцет. Инаку, во тоа време мошне популарни биле и високите чела, па сите благородници, вклучувајќи ја и кралицата имале „стегачи“ со кои ја оттргнувале косата и визуелно го зголемувале челото.

queen-elizabeth-1-kings-and-queens-9843855-1500-1650

Кралица Викторија: Викторија ги отстранувала и држела лошите мириси подалеку од себе носејќи ракавици намирисани со масло од рози.

kje-otide-li-nekogash-kralicata-elizabeta-ii-vo-penzija-50486

Кралица Елизабета II : Елизабета II била голем обожавател на кармините, па Clarins бил нејзиниот прв избор. Всушност, таа порачала да се направи кармин што ќе соодветствува на бојата на облеката што ја носеше во 1952 година на церемонијата за нејзино крунисување. Карминот бил во црвено-сина нијаса и наречен Balmoral Lipstick. Љубовта со оваа нијанса не престана до денес, бидејќи Кралицата и после толку години во повеќе наврати и пригоди се одлучува токму за него.

26

Грејс Кели, принцезата од Монако: Актерката, која стана член на кралско семејство, многу внимавала на негата на нејзините раце. Таа верувала дека рацете се првото нешто што ги открива годините на човекот.

princezata-dajana-3

Принцеза Дајана: Шминкерката Мери Гринвел, која почнала да соработува со принцезата Дајана во 1991 година, вели дека успеала да ја наговори принцезата да не користи син туш или молив. Некој што има сини очи не треба да користи сина сенка, молив или туш. Исто така, Дајана успеала да ги смени нејзините навики со кои го држела лицето под контрола.

“Дајана правеше сè умерено. Дури и престана сосема да пие за да ѝ биде кожата свежа во секое време. Домот никогаш не го напушташе без маскара на трепките. Секогаш ја учев кога става маскара сама, да ги покрие и корените на  трепките, а не само врвовите“, вели Гринвел.

kejt-midlton-vencanje-e1311344232497

Кејт Мидлтон, Војвотката од Кембриџ: Новиот омилен кралски член меѓу народот има многу трикови за убавина, но она што постојано го користи е освежувач за лице, крема за хидратација и масло од шипка, бидејќи тоа е идеално во борбата против брчките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top