Организаторите на Канскиот филмски фестивал се на удар на критиката на јавноста откако беа обвинети дека ги враќале назад од црвениот килим жените што не носеле високи потпетици.
Неколку жени кои се во петтата деценија од животот од кои некои имале и здравствени проблеми, бил вратени од црвениот килим и им било оневозможено да влезат во салата за време на проекцијата на филмот „Керол“, пишува магазинот „Скрин“.
Жените носеле балетанки, украсени со кристали, но тоа не им помогнало многу. Организаторот на фестивалот одби да го коментира случајот, но потврди дека сите жени се должни да носат високи потпетици на црвениот килим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



