| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Победи Македонија – положивме уште еден тест на патот кон ЕУ и НАТО

 Денеска во Македонија се организираа фер, демократски и слободни избори. Тие се, пред сѐ, победа на сите граѓани на Македонија и на државата Република Македонија. Секако тие фер и демократски избори се уште еден положен тест за Македонија на нејзиниот пат кон интерграција во ЕУ и во НАТО. Сакам на сите граѓани да им честитам, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според Груевски, на овие избори ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба од граѓаните и убедлива победа.

– Би рекол победата е поглема од очекувањата. На последниот митинг во Велес кажав дека се согласувам со Бранко Црвенковски дека на овие избори на граѓаните им беа понудени два различни концепти. Од една страна, концепцијата на ВМРО- ДПМНЕ, која работи во две смени и исполнува конкретни дела, а од друга страна имаме концепт кој не сака да се натпреварува со дела и кога чувствува дека нема поддршка од граѓаните сака да направи штета во земјата за да заштити личен интерес – изјави Груевски.

Тој нагласи дека денеска Македонија се определи за концептот кој гради дела.

– Сакам да подвлечам дека тоа што денеска се случи е голема победа, но и голема доверба и одговорност. Покажува дека граѓаните препознаваат дека оваа политичка гарнитура е далеку поквалиетна од таа на СДСМ. Тоа за нас е голема одговорност затоа што ветените проекти мораме да ги извршиме за по 4 години повторно да ги погледнеме граѓаните со крената глава – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top