Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа на усвојување на амбициозна, сеопфатна и обврзувачка спогодба за борба против глобалното затоплување на средбата во Берлин, која има за цел да ја подготви конференцијата на Обединетите нации за климатски промени.
Германија и Франција се цврсто решени да ги вложат сите напори за постигнување спогодба на ОН за климата кон крајот на годината во Париз, која ќе биде амбициозна, сеопфатна и обврзувачка, се вели во заедничката изјава на двајцата лидери.
На вториот ден од самитот, на кој учествуваат претставници на 35 земји, Меркел и Оланд ги определија рамките на светската спогодба за климата, која има за цел да го ограничи глобалното затоплување до два степени над нивото од прединдустриската ера.
Во преговорите Франција ги повика водечките земји да се ангажираат доброволно со значителни намалувања на емисијата на штетни гасови пред конференцијата во октомври, за да се процени дали тие се доволни за избегнување на сериозни климатски промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.