Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година, општина Илинден во координација со екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, реализира прскање против комарци на целата територија на општината.
Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.
Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.
Во рамките на овие активности општина Илинден продолжува со терестичната дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци, а ги спроведува и сите други мерки за дератизација и дезинфекција, со единствена цел спречување и искоренување заразни болести и инфекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.