Хокеарот со македонски корени, Стивен Стамкос блескаше на вториот меч од финалната серија во источната конференција од НХЛ-лигата, а Тампа беј го декласира Њујорк ренџерс и израмни на 1-1.
Стамкос, кој двапати беше најдобар стрелец во најсилната хокеарска лига постигна еден гол и имаше една асистенција во триумфот на Тампа од 6-2 на гости. Со победата тимот од Флорида ја анулира предноста на Ренџерс од еден меч повеќе на домашен терен, но до пласман во големото финале има уште долг пат. Серијата се игра до 4 победи.
Првиот меч го доби тимот од Њујорк со 2-1. Во финалето на западната конференција Анахејм дакс води со 1-0 против Чикаго блекхокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



