Репрезентацијата на Русија, предводена од двете големи НХЛ-ѕвезди Овечкин и Малкин, го освои златниот медал на Светското првенство во хокеј на мраз со триумф оф 5-2 во финалниот меч против Финска.
Овечкин и Малкин постигнаа по еден гол и се рехабилитираа за разочарувачкиот настап на Олимписките игри во Сочи, кога Русија не успеа да освои медал на свој терен. Овој пат Зборнаја беше најдобра, а во финалето блескаше Зарипов со еден гол и две асистенции.
Во мечот за бронзен медал Шведска ја победи Чешка со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


