| четврток, 6 декември 2018 |

Која е најсреќната нација на светот?

За многу четиричлени семејства не се неопходни два извори на приходи за да живеат во комфор, па мајките се одлучуваат да останат дома или, пак, само да работат повремено.

Holandija Argentina 04 (Custom)

Холандија е високопозиционирана на листата од најсреќни земји во светот, а сето тоа бидејќи работат многу помалку од остатокот од светот. Таквата животна навика кај Холанѓаните буди добро расположение и им овозможува да го трошат слободното време на хобија и на тоа што ги исполнува.

Податоците покажуваат дека 26,8 проценти од работоспособните мажи и 76,6 проценти од жените на работа минуваат помалку од 36 часа неделно, додека во Велика Британија, на пример, тоа важи за 10 проценти од мажите и за 40 проценти од жените, пренесува „Телеграф.рс“.

За многу четиричлени семејства не се неопходни два извори на приходи за да живеат во комфор, па мајките се одлучуваат да останат дома или, пак, само да работат повремено.

Според законот, мајките имаат право да го скратат работното време без никакви последици.

Холанѓаните не ја тргаат насмевката од лицето, а сето тоа бидејќи најмалку четири пати во седмицата трчаат, вежбаат или занимаваат со некој спорт. На листата на физички најактивни граѓани во Европа, тие го заземаат 28. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top