| четврток, 6 декември 2018 |

Над 90 000 граѓани за поддршка на Груевски, известуваат медиумите на Балканот

Медиумските куќи од регионот кој што се во Македонија по повод актуелните случувања, за вечерашниот народен собир известуваа за над 90 илјади граѓани кои вечерва му дадоа поддршка на Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ.

telegraf

Телеграф.рс ја пренесе „Заев нема да биде премиер на Македонија: порача Груевски пред 90 илјади присутни на собирот“. Се пренесува и фото галерија како и видео од обраќањето на премиерот Никола Груевски. Во веста се наведува дека „импозантните фотографии кои се испраѓаат од Скопје покажуваат дека Никола Груевски и натаму ужива убедлива доверба кај Македонскиот народ“.

 

klix

„Околу 90 илјади присуствуваа на контрамитингот во Скопје“, објави босанскиот Кликс.ба вест која е надополнета со фото-галерија.

24

Хрватскиот 24часа.инфо пренесе видео во вест под наслов „Провладин собир во Скопје: 90 000 граѓани во поддршка на актуелната влада“.

nm

Српскиот „Нови магазин“ се надоврзува со изјавата дека „На Македонија не и треба премиер кој краде и лаже“, како и нпораката што Груевски му ја упати на Заев дека вечарашниот митинг за поддршка на власта докажува дека тој не успеал да ја сруши со монтирани снимки и терористички банди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top