Погледнете со каква гарнитура и раководство се СДСМ, не можат да си ги пребројат становите и куќите на кои сами себе си плаќаат кирија. Уште не се дојдени на валст, а им се закануваат на сите граѓани дека имаат снимки од нив, и ако немој им с епротиви или нема исто мислење како нив веднаш им се закануваат. Целата гарнитура на СДСМ исто мислат, тоа ли се политичарите кои ќе ни ја донеле демократијата и слободата во Македонија
Ова го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од вечерашниот народен собир во Скопје.
-Демократија ли е ако на секој неистомисленик му упатуваш закани со снимени разговори, креирани, монтирани и прилепувани. Демократија ли е ако пет часа ја тепаш со што ќе стигнеш сопствената полиција и 38 полициски службеници се хоспитализирани, го симнуваш и кинеш знамето на РМ – рече Груевски.
Такви демократи, посочи тој, не и тербаат на Македонија, кои јавно им се закануваат на медиумите кои не ги поддржуваат нивните насилни политики, кои преку своите контролирани и однапред платени од странство медиуми им упатуваат закани на останатите медиуми дека лошо ќе завршеле кога они ќе дошле на власт.
-Тоа ли се демократи, кои организираат насилници да ги тепат нивните неистомисленици, што ќе се случи кога тие ќе дојдат на валст? Искрено си кажа Заев дека ќе задат живи луѓе и дека од чистачка до министер ќсе че биде од списокот на ниванта партија – додаде премиерот.
Тоа, рече Греувски, го кажал искрено кога мислел дека никој не го снима.
-Тие луѓе ли ја бараат мојата оставка, тие всушност бараат да им ја оставиме Македонија, за да направат хаос. Но овој народ вечерва, оваа масовност и оваа сила е најдобриот одговор за нив – порача Груевски од Народниот собир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



