– Македонија вечерва е на нозе, реки од народ од сите населени места, од сите села и градови од Македонија се слеваат кон Скопје и очекуваме овој вечерашен митинг којшто ќе биде најмасовен во овие 25 години на независна Македонија, да испрати силни пораки на сплотеност и единство на граѓаните, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за мир и стабилност во Македонија – изјави Зоран Ставревски, вицепремиер и министер за финансии.
Тој гостуваше во вестите на „Сител“ непосредно пред почетокот на вечерашниот голем нарден собир.
– Нема да потклекнеме ниту да дозволиме никому да внесе хаос во државата, да ја дестабилизира или со црни сценарија да не вовлече во неговите игри – истакна Ставрески.
Тој додаде дека секој треба да знае дека народот одлучува кој ќе ја води државата. Нагалси дека граѓаните вечерва ќе покажат зошто дале мандат на ВМРО-ДПМНЕ со една силна сплотеност, каде сите заедно и работници и земјоделци, и доктори и спортисти и музичари, ќе застанат зад проектите што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Протестот, нагласи Ставрески, ќе биде мирен и демократски, и дека ќе настојуваат протестот да се одвива во најдобар ред и најмирен начин.
– Меѓутоа, пораката којашто ќе ја испратиме ќе биде исклучително силна и ќе одекне низ цела Македонија, а таа порака е Македонија ќе има мир, стабилност, и безбедност. Македонија ќе биде економски цилна држава и Македонија ќе има добар просперитет, а граѓаните на РМ ќе живеат подобро, порача Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


