Хакерската група „Анонимните“ денеска во период од два часа ја презедоа контролата врз интернет-страницата на Горниот дом на белгискиот федерален парламент, Сенатот, јави БТА.
Хакерите на сајтот објавија соопштение со кое се повикува на протести на 16 јуни против зголемувањето на даноците и потпишувањето на трговски договор меѓу ЕУ и САД.
За овој хакерски напад „Анонимните“ презедоа одговорност преку „Твитер“.
Админстрацијата на Сенатот најави дека за овој случај ќе ги информира Јавното обвинителство и контраразузнавачката служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.