| четврток, 6 декември 2018 |

„Анонимните“ влегле во американското министерство за правда

Почитувачи на починатиот интернет активист и програмер  Арон Шварц денеска се инфилтрирале на веб сајтот на министерството за правда на САД на страницата на Федералната комисија за казни  од каде што планирале да објават тајни владини податоци.  Утрово страницата не била активна.

Напаѓачите се претставуваат како „Анонимни“ организација на непознати лица поврзани со голем број нелегални активности на интернет. Тие нападот го сториле во знак на протест откако Шварц си го одзеде животот на 11 јануари.

Во видеото поставено на интернет хакерите ја критикуваат американската влада за постапката која САД ја поведе против Шварц кој се се товареше дека преку компјутер од Институтот за технологија од Масачусетс украл повеќе од 4 милиони написи од архивата на Американската комисија за казни. Шварц се самоубил откако се соочи со казна од 31 година во затвор. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top