| четврток, 6 декември 2018 |

„Ноќните волци“ со поддршка за народниот собир „Македонија силна“

Ленин Јовановски, предводникот на „Ноќни волци“ преку социјалните мрежи порача дека вечерва ќе присуствуваат на народниот собир „Македонија силна“, а како вали, да не се остави простор за дополнителни анализи за нивното присуство, напиша и подолго образложение, кое го пренесуваме во целост

na-motor-dobra

Почитувани,
За да не оставиме простор за разни толкувања, претпоставки и непотребни анализи на нашите постапки, сакаме да ве известиме за причините заради кои ние денеска како НОЌНИ ВОЛЦИ ќе БИДЕМЕ ПРИСУТНИ НА ГОЛЕМИОТ НАРОДЕН СОБИР “МАКЕДОНИЈА СИЛНА ! “.
Најпрво заради тоа што овој собир го сметаме за народен и непартиски и заради тоа што ние како патриотски клуб сме дел од народот кој безусловно ја сака својата татковина Македонија и сакаме таа како и многу други Македонци да биде стабилна, просперитетна и СИЛНА.

Причините зашто сме на овој денешен собир, а не на оној од вчера се јасни и недвосмислени. Иако и на вчерашниот протест против Владата на РМ имаше луѓе кои ги познаваме, ги почитуваме и го почитуваме нивното слободно право да си го искажат своето мислење на начин за кој што тоа самите си го одлучиле и да имаат различни ставови од нашите, но сепак ние како Ноќни Волци и како патриотска организација јасно кажуваме дека не бевме тамо со нив , зашто никогаш нема да бидеме рамо до рамо со докажани непријатели на нашата држава за ниту една цел. Никогаш нема да бидеме до оние кои не сакаат името Македонија да ни го спомнат и да не наречат Македонци, оние кои наместо Македонија, велат “ФИРОМ“ , “вашата Држава “, “Скопје“…

НЕ со тие кои се здружуваат со странски служби и странски сили кои делуваат против Македонија,
НЕ со оние кои не понижуваат со “демократски“ мерки кои не се применети во нивните држави,
НЕ со антихристи и пропагатори на геј паради и истополни бракови,
НЕ со поддржувачи на убици на наши полицајци,
НЕ со т.н. “новинари“ и нивни поддржувачи за кои животите на полицијаците се “усрани“, “новинари“ кои шират омраза, манипулации, навреди и зло.
НЕ со оние кои сметаат дека власта им е наследно право од нивните родители.
НЕ со оние кои свесно ја уриваат економијата и безбедноста на Македонија.
НЕ во поддршка на оние чие интелектуално ниво не заслужува внимание, а камоли поддршка.

lenin volk

Треба да се знае дека :
На овој денешен НАРОДЕН СОБИР ние Ноќните Волци не се појавуваме да ја заштитиме ниту владата ниту ВМРО ДПМНЕ, тие имаат инструменти со кои можат да се заштитат (програма, полиција, институции, структура…) и ние воопшто не сме им потребни.

На овој НАРОДЕН СОБИР ние Ноќните Волци нема да одиме за да надополниме некаква бројка, туку тамо ќе одиме за да ја надополниме силата на Македонија која сега и е повеќе од потребна,
ОДИМЕ за да бидеме заедно со сопствениот народ, со нашите браќа и сестри,
ОДИМЕ за да пратиме порака дека ние сме за зачувување на Македонија и во добро и во зло,
ОДИМЕ за да се знае дека сме тука во одбрана и борба за Македонија, за македонските интереси, за сопствениот народ , за своето парче земја и за сопствените семејства.

Секое друго сценарио, лоша намера или агресивен акт на било кој од присутните за нас е неприфатливо и ние сме против тоа.
Ние Ноќните Волци имаме свој дефиниран пат кој самите го создаваме, ние не ги следиме туѓите патишта, можеби не сме совршени и правиме понекогаш и грешки, но ние сме свои и тоа е само наша работа. За своите постапки не одговараме пред никого и не дозволуваме друг да ни суди, но самите ние.

За Ноќни Волци,
Ленин Јовановски, претседател

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top