| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Керол“ на Кејт Бланшет главен фаворит за „Златна палма“ во Кан

Моќната приказна за лезбијската љубов во која главната улога ја толкува Кејт Бланшет и драмата за холокаустот се главни фаворити за наградата „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан кој е во тек.

cate-blanchett-reuters

На половина од фестивалот, критичарите оценија дека Кан оваа година имал одлична понуда на филмови. Вкупно 19 филма се натпреваруваат за главната награда на фестивалот.

Меѓу првите фаворити е филмот „Керол“ на Тод Хејнс, каде што Бланшет игра богата домаќинка од педесеттите години на минатиот век која се вљубува во млада фотографка (Руни Мара).

Раскошната драма ја следи Керол која се разведува од сопругот бизнисмен и на која ѝ се заканува губење на старателството поради „морални причини“.

Филмот е еден од фаворитите за наградата „Оскар“.

Драмата за холокаустот „Синот на Соул“ (Son of Saul) на унгарскиот режисер Лазло Немеш доби позитивни коментари од шокираните критичари кои го оценија филмот како бескомпромисен портрет на 36 часа во Аушвиц.

Францускиот весник „Монд“ објавува дека Немеш загубил неколку членови од семејството во гасните комари и го снимил филмот за да ја зачува историјата на холокаустот за генерациите кои наскоро нема да имаат директни контакти со сведоците кои можат да ги раскажат своите спомени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top