Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат некои улици во општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец, Карпош и Сарај.
Во периодот од 07.30 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците Димитар Македонски, Кресна и 12. Македонска бригада, во општина Аеродром.
Во општина Петровец во периодот од 8.30 до 14 часот, корисниците од селата Катланово, Брезница, Летевци и Градманци.
Без струја во периодот од 9 до 12 часот, дел од корисниците од ул. Иван Хаџи Николов во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 15.30 часот, дел од корисниците кај Матка, како и корисниците од селата Буковиќ, Раовиќ, Грчец, Семениште, Арнакија и Паничари, општина Сарај.
Дел од корисниците од ул. Никола Кљусев, градилиштето за хотел „Мериот“ како и туристичките агенции до УНИ банка, општина Центар, ќе останат без струја во периодот од 9.30 до 11 часот,
Во периодот од 11 до 13 часот без струја ќе останат дел од корисниците од ул. Крчин, општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.