| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ слави низ Центар

ДУИ слави во Скопје. Поголем број членови и приврзаници на партијата на Ахмети се собраа на Јаја-паша и се упатија кон плоштадот „Скендер-бег“ на прослава. Насобраната толпа фрла камења по автобуси, пука, фрла петарди. Околу 150 возила се упатени кон плоштадот кај Скендер-бег. Автомобили се движат и низ строгиот центар во Скопје. Свирежи, албански знамиња… Екипите на „Република“ се на терен, очекуваме и фотографии од славењето во главниот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top