Кошаркарите на Хјустон рокитс се пласираа во финалето на западната конференција по 18 години пауза, а патем во серијата со Лос Анџелес клиперс направија подвиг и се вратија од негатива од 1-3. Последната победа вчеравечер со 113-100 ги одведе во финалето на мегдан на Голден стејт вориорс, екипа што беше најдобропласирана во регуларниот дел од НБА.
Џејмс Харден беше на вистинската френкфенција што го доведе до најсериозен кандидат за МВП сезонава и постигна 31 поен со 8 асистенции и 7 скока, а патот до финалето го трасираше со помош на останатите играчи на Хјустон. Тревор Ариза постигна 6 тројки за 22 поени вкупно, а Двајт Хауард забележа 16 поени и 15 скока.
Во финалето на Источната конференција Атланта на Перо Антиќ ќе игра против Кливленд кавалирс предводени од Леброн Џејмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



