| четврток, 6 декември 2018 |

Канада е нов светски првак, на Русите не им помогна ни доаѓањето на Овечкин

Репрезентацијата на Канада е нов светски првак во хокеј на мраз по убедливиот триумф од 6-1 против претходниот шампион Русија. Со атрактивна игра Канаѓаните го декласираа големиот ривал, на кого не му помогна доаѓањето на Алекс Овечкин.

kanada

Шестмина различни стрелци ја наполнија мрежата на Бобровски, а гол-шоуто го почна Икин, го продолжија НХЛ ѕвездите Енис, Крозби, Сегуин, Жиру и Мекинон. Почесниот погодок за Русија го постигна Малкин. Популарните „баќушки“ имаа адут повеќе бидејќи по елиминацијата на Вашингтон во НХЛ- плејофот на помош пристигна и Овечкин, но тоа не беше доволно да се одбрани титулата.

Бронзениот медал го освоија САД со победа од 3-0 против Чешка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top