–Европа не се откажала од Македонија. Го следиме многу внимателно тоа што се случува во Македонија и знаеме дека најсигурниот начин да се надминат тие проблеми со коишто сега се борат е во заедничкото европско семејство – изјави потпретседателка на Европската комисија, Кристалина Георгиева.
Георгиева, во изјава за бугарскиот весник „Стандарт“, посочува дека тоа што не се планира прием на нови членки во ЕУ во следните пет години, не значи дека ЕУ не ги подготвува земјите за членство.
– Напротив. И покрај тоа што буџетот на Европа сега е малку помал отколку што беше во претходните седум години, парите коишто ги одвојуваме за земјите-кандидати се зголемени и особено внимание посветуваме на институциите без кои тие нема како тие да се приклучат европското семејство – изјави Георгиева.
Уверува дека ЕУ ја следи многу внимателно состојбата во Македонија.
– Се разбира дека сме загрижени, ние знаеме дека во нашиот регион на Балканот кога ќе се пролее крв, тоа е опасно. Повикуваме на здравиот разум. Видовме дека беа преземени мерки вклучително и оставки во Владата на Македонија. Комесарот Хан, кој е одговорен за нашите соседи, е во секојдневен контакт и со Владата и со опозицијата. Ние поттикнуваме да се седне на маса и да се преговара. Самата Македонија треба да оцени кој е најдобриот пат за решавање на овие внатрешни проблеми. Никој нема интерес тие да не се решат – вели Кристалина Георгиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија
-
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…