Реал Мадрид е новиот европски шампион во кошарка откако вечерва успеа по три финалиња едноподруго да го победи Олимпијакос со 78-59.
Тутулата се враќа во Мадрид по 20 годишна пауза, а Реал ја искористи предноста на домашен терен (фајналфорот се играше во Мадрид) и да им донесе на своите навивачи деветта европска круна.
Интересно, Реал Мадрид до својата последна европска титула освоена во 1995 година стигна исто така со триумф над Олимпијакос.
Олимпијакос кој повторно направи изненадување во полуфиналето, победувајќи ја фаворизираната ЦСКА одлично го започна натпреварот и по првата четвртина имаше водство од 19-15, а ваквата игра ја продолжи се до среднината на вториот дел. Во финишот од првото полувреме Реал погоди неколку клучни шутеви и заигра цврста одбрана што резултираше со пресврт и предност на паузата од 35-28.
Во третата четвртина Реал продолжи со исто темпо зголемувајќи на разликата на 11 коша (40-29), но Олипијакос се созеде од првичниот шок правејќи серија од 12-0 и преземајќи го водството.
Херојот на Реал во ова финале е Керол, кој токму во клучните моменти погоди три тројки, постигнувајќи 11 поени во низа и враќајќи ја удобната предност на својата екипа. Преполни со самодоверба, кошаркарите на „кралскиот клуб“ одиграа одлична одбрана во последната четвртина, што им овозможи да стигнат до уште поубедлива победа, изразена со конечни 19 поени разлика (78-59).
Најдобар поединец на „кралевите“ беше токму Керол со 16 поени, пред Љуљ и Ночиони кои постигнаа по 12 коша. Кај Олимпијакос најпрецизен беше Лојески со 17 поени, а целосно потфрли Спанулис, кој го заврши мечот со три поени и четири загубени топки зад своето име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финалето на Копа Либертадорес би можело да се играат во Европа
-
Нант во финалето на ракометната Лига на шампиони
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)