| четврток, 6 декември 2018 |

Да и помогнеме на Тетка Митра oд Велес

Моника Петковска:

Сите ние имаме проблеми, разно разни. Секојдневно се нервираме за глупости, а сето тоа влијае на нашето здравје. Оваа жена, оваа кутра жена може да биде “победник” во споредба со нашите проблеми. Митра е моја комшика која секојдневно ја гледам, секојдневно и давам по некој денар. Нејзе ја знам од кога знам за себе. Кога се роди брат ми, и кога ке испадневме да го шетаме во количка, Митра стално ни помагаше со мајка ми, ја дигаше количката при скали, ја буткаше по горништа. Таа има 52 години. Веќе 6 години нема струја. Дома и е хаос. Никој до сега од моите комшии не се потрудил да направи нешто за неа, освен да ја пријават дека собира шишиња. Таа е човек со големо срце, и покрај тоа што нема за јадење, оброкот го дели со нејзиниот мачор којшто го спаси од улица. Живее во куќа која што буквално е пред распаѓање. Има 2 соби, претсобје и купатило кое што воопшто не ни личи на купатило. Можеби некои од моиве “драги” комшии кога ќе видат што сум објавила ќе се изнасмеат, во тоа сум сигурна. Летоска и однесов 3 вреќи со облека, но нејзе моментално и требаат многу работи, ПРЕМНОГУ. Почнувајќи од најтешкото- СТРУЈА, храна, средства, прибори за домаќинство итн итн итн. Нејзе и треба нов дом затоа што во вакви околности нејзиното здравје ќе се руши… Луѓе ве молам, ве молам од срце да и помогнеме на оваа кутра жена, остатокот од животот да го живее како што треба, како секој нормален човек. Јас знам само еден начин да и помогнам- наредниве неколку дена да наместам штанд со кутија за донирање… Сите вие кои што сте во можност да донирате парични средства, храна, , и сите работи кои што му се потребни на еден човек да дојдете и да ДОНИРАТЕ. Исто така кој сака може да дојде да донира и храна за нејзиниот миленик, да не го заборавиме и него. Ви благодарам што одвоивте време да прочитате.

секој што сака да донира може да пише во инбокс  на Д’хуманист  или да ги побара дечките на  078 202 951-Моника и 077 815 078 Виктор!

ПРЕД СЕ СЕ ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ДОИЗГРАДБА И РЕНОВИРАЊЕ НА КУЌАТА НА ТЕТКА МИТРА, ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top