ЦСКА Москва го освои третото место на фајналфор турнирот во Мадрид откако во „малото финале“ во самиот финиш од мечот го совлада турски Фенребахче Уклер со 86-80.
„Армејците“ денеска настапија без својот главен организатор на играта Србинот Милош Теодосиќ, но сосема заслужено се заќитија со бронзениот медал. Утешната награда не им значи многу на играчите на ЦСКА бидејќи важеа за главен фаворит во текот на долгата сезона во Евролигата за совојување на првото место.
ЦСКА целосно доминираше на теренот во првата четвртина, добивајќи ја со убедливи 27-13, а одличната игра на Русите продолжи и во вторите 10 минути, па на одмор се замина со убедливи 48-24 за оваа екипа.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ не се предадоа и во второто полувреме целосно ја анулираа високата предност (70-70) но немаа сили во завршницата за целосен пресврт.
Де Коло со 17 и Николс со 14 поени беа најпрецизни кај ЦСКА, додека најефикасен поединец на натпреварот беше Американецот на Фенербахче, Гадлок, кој реализираше 24 поени.
Во големото финале кое започнува од 20 часот се среќаваат Реал Мадрид и Олимпијакос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА