Елтон Џон, британскиот поп-пејач Елтон Џон вторпат стана татко. Тој оваа вест ја објави на својата официјална страница додавајќи дека добил син со сурогат-мајка. Илаџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон е роден во Лос Анџелес на 11 јануари.
Елтон и неговиот партнер Дејвид Фурниш изјавија дека сакале да имаат деца и дека фактот што сега имаат двајца синови е речиси неверојтна.
Двојката во цивилно партнерство влезе во 2005 година, а се татковци на двегодишниот Закари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



