| четврток, 6 декември 2018 |

Елтон Џон оди во пензија

gon

Елтон Џон планира да се прости  од музиката во март, кога ќе го прослави 70-тиот роденден, за максимално да му се посвети на семејството.
Славниот музичар вели дека сака повеќе време да поминува со сопругот Дејвид Фурниш и синовите Захари и Илај.

– Не сакам повеќе да излегувам од дома. Семејството ми е најважно. Ако не можам да бидам со синовите, не ни требаше да имам деца – изјавил пејачот.

Неговите пријатели велат дека и неговите соработници се согласиле со неговата одлука, особено поради тоа што Елтон во последно време и премногу се грижи за своето здравје. И тие сметаат дека дошло време да се пензионира и со семејството да поминува време во своите куќи во Франција, Лос Анџелес и Англија.

– Елтон сè направи и сè виде, повеќе не мора на никого да докажува ништо – рекол неговиот пријател за „Дејли мејл“.

Славниот музичар зад себе ќе остави богата кариера закитена со најпрестижни награди. Елтон Џон зад себе има пет „Греми“, еден Оскар, 3.000 концерти и 260 милиони продадени албуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top