Се спушта и цената на СМС пораките кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора од јули. Роамингот во воие земји од 12,3 денари се спушта на 5,6 денари за порака. Новите цени важат од 30-ти јуни.
Се подготвува и нов правилник со кои треба да се утврди минимумот на квалитет кои треба да го испоралуваат мобилните оператори. Пред извесно време од АЕК соопштија дека тие се незадоволни од квалитетот на мрежата кои тие им го нудат на граѓаните. Новиот правилник е на јавна расправа и ако се биде во ред се очекува најдоцна од први јули да почне да се применува, а операторите кои нема да го почтуваат АЕК до нив ќе поднесе прекршочни пријави.
Во последниве шет години разговорите во мобилната телефонија поевтиниле за 67 отсто. А цените во роаминг предвидено е да продолжат да паѓаат и во наредните две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.