| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ продолжува со доминацијата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со доминацијата во светскиот тенис победувајќи денеска во финалето на Мастерс-турнирот во Рим што се игра на земјена подлога против Роџер Федерер уверливо со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови.
Ноле го скрши отпорот на можеби најдобриот тенисер на сите времиња за околу еден саат игра, а клучен за мечот беше деветтиот гем кога Федерер не успеа при резултат 4-4 и сервис на Ѓоковиќ да реализира една брејк топка.
По ова Србинот поведе со 5-4 и веќе во следниот гем направи брејк и сосема заслужено го освои првиот сет.
Во вториот Ноле набрзина стигна до 3-0 и рутински го доведе мечот до крај.

Italian Open

Ова беше четврти пехар за Ѓоковиќ во „вечниот град“ по шестото финале во главниот град на Италија.
Тој ја потврди одличната форма пред вториот грен-слем оваа сезона, Ролан Гарос кој започнува за една недела.

Покрај пехарот и одбранетите 1.000 АТП-бодови, Ѓоковиќ заработи дополнителни 628.100 евра, додека Федерер за поразот во финалето ќе се „утеши“ со парична награда од 308.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top