Руската тенисерка трета година по ред се искачува на тронот на Мастерс-турнирот во Рим совладувајќи ја финалето шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро со 2-1 (4-6, 7-5, 6-1) во сетови.
Шпанката пружи силен отпор и беше на чекор до голема сензација во финалето, но налетите на Русинката во финишот од вториот сет го скршија отпорот.
По загубениот прв сет Шарапова со целосен пресврт во следните два дојде до победата. Клучен период од мечот беше финишот на вториот сет кога таа успеа да освои осум поени во низа и да го израмни резултатот на 1-1.
Во третиот сет Русинката лесно, без посериозни проблеми славеше со убедливи 6-1, за на крај да се радува на нова титула.
За Шарапова денешната титула беше трета по ред освоена во главниот град на Италија, и притоа вкупно 35-та во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.