На 16.05.2015 година околу 14:00 часот во с. Долно Палчиште-тетовско во плевна сопственост на Д.З.(69) при обид да отвори вентил од плинска боца, истата паднала на подот и почнала да испушта поголема количина на гас, по што настанал пожар кој се проширил по целата просторија.
Од пожарот целосно била опожарена плевната како и автомобил „Ауди“кое било паркирано во непосредна близина.
Со телесни повреди се здобиле три лица кои се пренесени во КЦ-Тетово за укажување на лекарска помош, додека Д.З. се здобил со посериозни изгореници истиот е задржан на понатамошно лекување.
Од страна на СВР-Тетово извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.