Најмалку три лица загинаа, а 16 се повредени денеска при експлозија на автомбил-бомба во близина на аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти полицијата.
Според истите извори, бомбаш-самубиец го активирал експлозивот во автомобилот што го управувал во момент кога крај него минувале колона возила на Полициската мисија на ЕУ во Авганистан.
Полициски претставник инфромира дека нападот се случил во близина на контролен пункт на главниот пат што води кон аеродормот.
При нападот е оштетено едно возило на Мисијата на ЕУ и два приватни автомобили.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на талибанците, кои кон крајот на април најавија нова „пролетна офанзива“ против авганистанските и меѓународните сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.