Претходно денеска, турската телевизија НТВ јави дека турски ловци собориле сириски воен авион кој навлегол во воздушниот простор на Турција, по што остатоците на леталото паднале на територијата на Сирија.
Телевизјата „Хабер Турк“ пак јави дека пилотот на авион го преживеал падот и бил заробен од сириските бунтовници во реонот на градот Идлиб.
Меѓутоа, сириската армија ги демантираше ваквите тврдења нагласувајќи дека турските авион собориле „беспилотно летало“.
Како што јави ТАСС, сириската армија посочи дека беспилотното летало управувано од далечина било во извидувачка мисија во пограничните региони на Сирија во кои дејствуваат „екстремисилки банди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



