| четврток, 6 декември 2018 |

По пет децении се реконструираат Центрите за социјални работи

спасовМинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска во рамки на работната посета на Охрид заедно со градоначалникот Никола Бакрачески го посети Центарот за социјална работа, каде во тек се градежни активности за негова целосна реконструкција.

– Станува дел од активностите во рамки на проектот за целосна реконструкција на центрите за социјална работа во Република Македонија. Досега целосно се реновирани и предадени во функција центрите за социјална работа во Струмица, Пробиштип, Свети Николе и Ресен, а во завршна фаза на реконструкција се центрите во Демир Хисар, Крушево, како и во Охрид, Прилеп и Битола, истакна министерот Спасов.

Конкретно се работи за објекти постари повеќе од три, четири па и пет децении, што досега воопшто не биле реновирани.

– Преку овој проект како Влада покажуваме грижа и за институциите на локално ниво. Центрите за социјална работа се меѓу побитните институции во кои голем број граѓани на РМ ги остваруваат своите права од социјална и детска заштита, но и добиваат одредени услуги, појасни Спасов.

За објектот во Охрид и негова реконструкција се издвоени пет милиони денари. Се очекува после реновирањето објектот да биде енергетски ефикасен, истиот да поседува модерни, современи услови, стручните служби да имаат значително подобри услови за работа, а истовремено странките кои ги остваруваат своите права и услуги да бидат опслужени во достоинствени услови.

Спасов најави продолжување на активностите во рамки на оснодниот проект, преку поддршка на ИПА програмата на ЕУ, со реновирање на уште 19 центри за социјална работа, што значи практично обновување на сите објекти низ земјата.

Градоначалникот Бакрачески и директорот на Центарот Екрем Каљоши, изразија благодарност во име на локалната самоуправа за напорите на ресорното Министерство Охрид да добие добро функционален Центар за социјална работа.

Бројот корисници на социјална помош во Охрид е воглавно константен, односно во континуитет низ годините наназад изнесува некаде приближно околу 800 предмети. Станува збор за околу 500 домаќинства што се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош добиваат околу 150 корисници, а некаде околу 80 корисници го остваруваат правото на помош за нега, претежно на стари и болни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top