| четврток, 6 декември 2018 |

Започна рекострукцијата на Милан, Бака прв доаѓа за 30 милиони евра

Италијанскиот гигант Милан се очекува во летниот преоден рок да направи вистинска револуција на трансфер пазарот со цел да го засили тимот за следната сезона и да излезе од агонијата кој го прати веќе неколку сезони.
Седумрактиот европски шампион се очекува во следната сезона да се врати на старите патеки од пред неколку години кога беше страв и трепет за цела Европа.
Прв играч со кој ќе се засили е колумбискиот напаѓач во редовите на Севилја Карлос Бака кој се сложил да премине во таборотот на „Росоњерите“ за сума од 30 милиони евра.

Со новите сопственици, клубот од Милано би требало да добие нов облик, и се очекуваат доста промени во играчкиот кадар, во кој покрај Бака треба да дојдат проверени фудбалски имиња.

Во претходниот период се шпекулираше дека Милан е заинтересиран за тренерот на Севилја, Унаи Емери и неколку играчи од шпанскиот тим, и се очекува неколку од нив да се преселат во Милано и да почне револуцијата во италијанскиот гигант.

Моментално се водат преговори за продажба на голем дел од акциите на Милан, а последна што се приклучи е кинеската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top