| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите убиле девет деца

isis ubivanjeИсламска држава егзекутира 23 цивили меѓу кои и девет деца во село во близина на градот Палмира во Сирија.

– Групата Исламска држава егзекутира со огнено оружје 23 цивили меѓу кои и девет деца во селото Амирија северно од Палмира, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Убиените се членови на семејства на локални државни службеници.

Градот Палмира (Тадмор) е на списокот на УНЕСКО на светското културно наследство. Тој е под закана на џихадистите кои водат борби во тој регион со сириските војски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top