| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска облачно, утре дожд

oblaci so sonceВремето во земјата претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 26 до 31 степен, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Изутринава во Маврово се измерени осум степени, 12 во Лазарополе и Берово, 13 во Крива Паланка, Тетово, Претор и Охрид, 14 во Битола, Скопје Петровец и Дебар, 15 во Куманово, Скопје, Крушево, Прилеп и Струмица, 16 во Гевгелија, Штип и Виница, 17 во Дојран и 20 Демир Капија.

Утре времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 23 до 29 степени.

Во понеделник и во вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за два до четири степени во однос на оние од викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top