| четврток, 6 декември 2018 |

Историјата се повторува, Олимпијакос повторно ја надигра ЦСКА во Евролигата

Грчкиот преставник Олимпијакос на фајналфор турнирот во Мадрид во кошарка по едногодишна пауза повторно ќе игра во финалето.
Вечерва добропознатиот противник на Грците ЦСКА Москва повторно не успеа да победи на фајналфор турнир иако важеше и за голем фаворит.
Во финалето 2012 година Олимпијакос чудесно се врати по 19 поени негатива и се заќити со титулата со кош во последната секунда. Во полуфиналето 2013 година повторно победа на пирејците.
Вечерва ЦСКА имаше предност од девет поени разлика на нецели три минути до крајот, но повторно на сцена стапи Василис Спанулис кој со неколку погодени удари од тешки позиции направи серија ос 14-2 и го одведе својот тим до победа до 70-68 и се пласираше во финалето.

Olympiacos Piraeus vs CSKA Moscow

најскапиот тим во Евролига со буџет од преку 35 милиони евра, остана со кратки ракави. ЦСКА се надеваше ека скапиот проект кој трае со години ќе вроди со плод и ќе ја освои титулата.
Така и се одвиваше натпреварот. Од првата минута ЦСКА го презеде водството, ја имаше контролата на теренот и на моменти имаше предност од осум коша разлика, и највисоката девет, но сепак ќе мора да игра само во меч за третото место.

Најефикасен во победничката екипа на Олимпијакос беше Принтензис со 14 поени, еден помалку од Спанулис кој постигна 13 поени, додека кај ЦСКА најзабележителен беше Нандо Де Коло кој реализираше 18 поени.

Ривалот со кој што Олимпијакос ќе се бори за европската круна во финалето ќе биде познат по одигрување на вториот полуфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Фенербахче кој започна во 21 часот, а кон крајот на третиот период кралскиот клуб има висока двоцифрена предност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top