| четврток, 6 декември 2018 |

Над 500 лица евакуирани од лондонскиот „Мериот“ поради пожар

JS63605237

Повеќе од 500 лица, од кои повеќето новинари се евакуирани од еден од најпопуларните лондонски хотели, „Мериот“ во централниот дел на Лондон, Мејфер.

Околу 300 од евакуираните биле новинари. Тие пристигнале во хотелот за да известуваат за церемонијата за доделување награди на новинари и вработени во британските медиуми.
Пожарот избувна во механизмот на еден од лифтовите на хотелот и е речиси локализиран.
Во несреќата нема настрадани, а причините за пожарот се уште се истражуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top