Откако беше објавено дека диктаторот на Северна Кореја Ким Јонг ун издал наредба да се погуби министерот за одбрана бидејќи заспал за време на еден состанок и наводно говорел против лидерот и автоматски бил прогласен за предавник, се појави листа на злосторства поради кои може да се загуби животот во С. Кореја.
За киднапирање, кражба на државен или приватен имот во С. Кореја се добива смртна казна. Според законот во таа земја, ако биде уапсен некој кој е прогласен за државен непријател, можат да бидат казнети дури три генерации на осуденикот.
Листата на злосторства за кои се добива смртна казна во оваа земја ги составила Меѓународната организација за човекови права и тоа врз основа на разговорите со сведоците на таа земја.
Смртна казна следува и за: завера против државата, тероризам, фалсификување пари, шверцување накит и други метали, продажба на дрога, илегално поседување, нанесување тешки телесни повреди, киднапирање, силување, бекство од затвор, одавање доверливи информации по пат на мобилен телефон.
Смртната казна може да ја изврши стрелачки вод или пак со ракетен фрлач. Осудениците може да добијат и поблага казна – превоспитување во работни кампови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса