Украинскиот претседател Петро Порошенко оцени дека Договорот од Минск, кој големите сили го сметаат како единствен излез за судирите во Донбас, е само „псевдо мир“ за кој Украина плаќа висока цена.
– Ќе се бориме до последната капка крв – истакна Порошенко, додавајќи дека безбедносните сили ќе направат се што е потребно за да го заштитат украинскиот град Мариупољ од рускиот агресор, пренесува Танјуг.
Тој ја обвини Русија за инвазија на својата земја, бидејќи од почетокот на судирите ги поддржува бунтовничките сили на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.
За Договорот од Минск големите сили, вклучувајќи ги Русија и НАТО, сметаат дека е единствен пат за мир во Украина, бидејќи бара сите инволвирани страни да се придржуваат до одредбите од договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.